ПРОКЛЕТСТВОТО НА „МОЌНИТЕ РЕНЏЕРИ“: Судбините на јунаците се вистински хорор приказни

Сподели со своите пријатели

Приказната на актерската екипа од хите серијата која својата најголема популарност ја имаше во деведесетите години, Моќните ренџери, како да е проколната.

Loading...

Акерите кои се појавуваат во познатата серија доживеале тажни судбини, многу животи рано згаснале, а некои станале и доста опасни по околината.

Имено, Туј Транг која ја игра улогата на Трини или жолтиот ренџер загинала на 27-годишна возраст во сообраќајна несреќа. Ричард Генел кој го глумеше симпатичниот Ерни починал од срцев удар.

Роберт Манахан кој го игра Зордон исто така починал од срцев удар, Мчико Сога која ја игра Рита Репулс починала од рак на панкреас, Пета Рутер која ја игра белата ренџерка починала од тумор на мозокот, а Едвард Албер кој во серијата е татко на црвениот ренџер починал од рак на белите дробови.

И тоа не е се. Боб Папенбрук кој го давал гласот на низа ликови во серијата починал од последица на хроничнзаболување на белите дробови, а воспалените бели дробови го докрајчиле и професорот Феноменус.

Одиме понатаму. Ерик Френк кој го игра Давид Трухарт починал на 29 години од неодредено заболување, Ричард Рабаго кој го игра мајсторот Ли починал од природна смрт, а Маурис Мендоза кој го игра Ричи починал на 39-годишна возраст и исто така не е познато од што.

Не биле сигурни ниту оние во помалите улоги. Алиса Ан Смего која кратко ја играше улогата на Шауна извршила самоубиство, а Скајлар Делон кој како дете се појавува во една мала улога пораснал и станал психопат кој убил брачен пар преправајќи се дека сака да ја купи нивната јахта. Ги заврзал за сидро и ги фрлил во море.

Подоцна признал уште едно убиство и е осуден на смрт. Убиствени нагони имал и Рикардо Медина (се појавува во 40 епизоди како Кол Еванс) кој го убил со меч својот цимер, тврдејќи дека тоа го направил во самоодбрана.

Loading...

Leave a Reply