Научниците пресметаа кога ќе престане ширењето на коронавирусот во Италија

Сподели со своите пријатели

Институтот за економија и финансии Еинауди во Рим предвидува дека ширењето на коронавирусот во Италија ќе биде завршено до 5 мај.

Loading...

Епидемиолошкото сценарио на Институтот се заснова на алгоритам кој ги зема предвид сите значајни параметри на пандемијата, вклучувајќи го и бројот на новозаразени, хоспитализирани, излечени пациенти и стапка на смртност.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Пандемијата би можела да однесе 1,8 милиони животи дури и со строгите мерки

Според светските научници, акутната фаза на пандемијата се очекува да заврши до средината на април.

– Во регионот Трентино-Јужен Тирол, вонредната состојба се очекува да биде укината на 6 април, а потоа во регионите Базилика, Лигурија и Умбрија, еден ден подоцна. Регионот Лацио ќе престане да пријавува нови инфекции до 16 април, се вели во извештајот на Институтот.

ТАСС објави дека во регионите Венето и Пиемонт, кои ги пријавиле некои од првите случаи на инфекција, престанокот на ширењето на коронавирусот ќе биде објавен на 14 и 15 април, во Ломбардија на 22 април, во регионот Емилија-Ромања на 28 април, додека Тоскана ќе биде последниот регион во мај што нема да објави нови заразени.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Заменик-министерот за здравство на Италија Пјерпаоло Силери, кој беше меѓу првите во Италија кој беше заразен со новиот коронавирус, изјави вчера дека врвот ќе биде за седум до десет дена.

Loading...

Во Италија починаа досега починаа 11.591 лица, а над 101.000 лица се позитивни на вирусот.

Leave a Reply