ЖРК Куманово убедливо против Кузман Вардар Илинден

Сподели со своите пријатели

Со резултат 44:8 ракометарките на Куманово забележа убедлива победа на мечот против тимот на Кузман Вардар Илинден, кој вчера го играа на домашен терен.

Loading...

Неверојатно прво полувреме прикажаа избраничките на тренерот Ненад Краљевски кога дадоа 24 гола, наспроти само два на гостинскиот состав.

И како сето тоа да не беше доволно, во второто полувреме кумановки продолжија со интензивната игра па на крајот славеа со 30 плус разлика, односно резултат 44:8.

Скоро сите ракометарки на Куманово се впишаа на листата стрелци, а најефикасна со 8 погодоци беше Црногорката Ана Шарановиќ. Зад неа со 6 е Мила Трајковиќ.

Во составот на гостинската екипа, по два голови имаат Ѓорѓиева, Филипова и Спасовска, а по еден имаат Јовевска и Ангеловска.

Со ова ЖРК Куманово само ја зацврсти лидерската позиција и бележи 15 победи од исто толку одиграни натпревари.

Следниот меч го игра за три дена, против ЖРК Пелистер, меч кој исто како и вчерашниот ќе се игра пред празни трибини, со оглед на ситуацијата со коронавирусот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply