Пентагон објави снимки од убиството на Багдади (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за одбрана објави видеа од напади на американските специјални сили во кои е убиен Абу Бакр ал Багдади, лидерот на терористичката група Исламска држава, како и фотографии и други детали за мисијата.

Loading...

Специјална воена единица нападот го започнала со хеликоптер, за да на крајот куќата ја опколи со копнени сили.

Едно видео прикажува воздушен напад на група борци собрани пред објектот, кои пукале во американските авиони.

Знаејќи дека неговото апсење е непосредно, Багдади избегал во тунелите до таа зграда, каде што активирал елек со бомба, убивајќи се себеси и неговите две деца.

Петмина борци на Исламска држава во зградата, четири жени и еден маж, исто така, се спротивставиле, но биле совладани од копнените сили со воздушна поддршка, во кои беа вклучени хеликоптери, беспилотни летала и борбени авиони.

Повиците за мирно предавање беа игнорирани, рече Мекензи, но двајцата борци сепак преживеале и беа приведени.

– Терористичкиот лидер беше „изведен пред лицето на правдата“ по „интензивниот меѓуинституционален напор“, рече Мекензи и додаде дека тие спровеле план дизајниран да го фатат жив или мртов.

По завршувањето на атентатот на Багдади, американските трупи тогаш го уништиле објектот на Багдади со експлозивна муниција, претворајќи ја куќата во „паркинг со големи дупки“.

Loading...

Остатоците од Багдади биле извлечени и земени за тестирање на ДНК, што го потврдиле неговиот идентитет и потоа биле фрлени на отворено море во рок од 24 часа по мисијата.

Leave a Reply