САД потврдија дека е убиен портпаролот на Исламската држава

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави денес потврдија дека портпарол на т.н. Исламска држава Абу ал-Хасан ал-Мухаџир, кој важеше за втор човек на таа екстремистичка организација, е убиен во операцијата предводена од САД во северна Сирија.

Loading...

Сириските курдски сили во неделата објавија дека Мухаџир бил убиен во заедничката акција на курдските и американските трупи во северна Сирија и бил ликвидиран во продолжението на операцијата во која претходно беше убиен лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади.

Курдските сили велат дека Мухаџир бил „десната рака“ на водачот на ИД Багдади, потсетува Ројтерс.

Претставник на Стејт департментот, кој побарал да остане анонимен, исто така, рекол дека Мухаџир е „број два“ во Исламската држава, додавајќи дека тој бил убиен во посебна операција од страна на американските војници од онаа во која е убиен лидерот на ИД, соопшти Ројтерс.

Претставник на Стејт департментот исто така додаде дека најголемите курдски сириски демократски сили (СДФ) играле значајна улога во операцијата во која бил убиен Мухаџир.

Leave a Reply