На градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово утре со почеток во 20 часот за прв пат започнува фестивалот „Art Attack“ кој ќе трае два дена, а на кој ќе има повеќе музички настапи и уметнички перформанси.
Фестивалот првенствено ќе биде наменет за младата публика во Куманово, вели Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт кои се официјални организатори на манифестацијата.
– Сигурно дека заслужува нашата помлада популација да има ваква програма, која ќе може да биде навистина и респектабилна и посетена. Чинам дека ќе има голем број посетители, рече Величковски на денешната прес конференција.
Фестивалот првата вечер ќе се одржува паралелно на две бини, од кои едната ќе биде кај споменикот „Жена борец“, а втората пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
– На „Fusion stage“ ќе настапат „Авелина“, „Of dogs and walls“, Милан Тоскиќ и Дарко Циевски, а на втората бина пред Центарот за култура ќе настапат „НБК Чанге“, „Подземан ефект“, „Ки“ и „Фолтин“. Програмата за 14ти е посветена на локалните ди-џеи, односно забава предвидена за помладата публика, иако во оваа прилика ги поканувам и повозрасните да се забавуваме сите заедно. Дадо К и Мамли ќе настапат први, а потоа Букача, Џарто и Игор Калц, рече Марио Арангеловски од Фондацијата за култура и спорт.
Меѓу другото на градскиот плоштад ќе биде поставена изложба на Наташа Величковска, а Тереза Лазарев ќе има свој танцов перформанс.
Фестивалот започнува во 20 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Поддржан е од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Министерството за култура, а е во рамки на програмата за одбележување 500 години од постењето на градот.
Органозаторите се надеваат дека истиот ќе прерасне во традиција