Им се урна авионот, а тие чекајќи помош правеа селфи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Социјалните мрежи се преплавени со снимки од Пацификот каде пилотот Дејвид Лаш зборува дека му се урнал авионот.

Loading...

На авионот, според сомнежите, му се расипал моторот, па Лаш слетал на површината на морето, а потоа тој и патничката се качиле на крилото на авионот и почнале да снимаат што се случува.

– Ударот беше слаб, воопшто немаше проблем и веднаш ја отворивме вратата и излеговме кон крилото. Направивме брз попис за тоа што е во авионот. Ги зграпчив телефонот и клучевите од автомобилот. Знаев дека имаме околу 20 или 30 секунди пред да пропадне авионот – вели Леш.

Тие биле во морето 40 минути пред да пристигне помошта.

Снимките што ги објави пилотот на социјалните мрежи го прикажуваат него и патничката како се смеат и велеа дека ја преживеале несреќата и сега чекаат за помош.

– Брзо стана студено во океанот. По околу 20 минути, почнав да замрзнувам. Имаше медузи насекаде. Имаше китови насекаде околу нас. Чекавме онолку долго колку што можеме на крилото. Авионот потона, влеговме во вода. Медузите цело време не’ допираа – рекол Леш.

Leave a Reply