Стотици пожарникари се борат против шумските пожари кои избија во Грција, на островите Евија и Тасос, како и во близина на Теба, северозападно од Атина.
Најголемиот поар е на Евија, каде се евакуирани четири села и манастир. Во таа област локалните власти прогласиле вонредна ситуација.
Грција барала помош од европските оргаизации за цивилна заштита, а канадери испратиле Хрватска и Италија.
Премиерот Кирјакос Мицотакис го прекина летувањето кое го минуваше на Крит и се врати во Атина.
Чадот кој се шири од пожарот го прекри полуостровот Атика, вклучително и Атина, која е одалечена 110 километри.
Поажрот зафатил борова шума, го гаснат 227 пожарникари со 75 противпожарни возила. Од воздух им помагаат шест канадери и исто толку хеликоптери.
Грчката телевизија објави снимки на кои се гледа густ чад кој ја прекрива областа, додека ветерот ја резнесува пепелта со километри.