81-годишна баба се омажила за 45 години помлад маж: Ѝ ги сече ноктите и ја носи на раце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сè почести се браковите во кои има огромна разлика во годините меѓу сопружниците, во корист на жените.

Loading...

Еден од нив ги заинтересира британските медиуми кои објавија сторија за Ајрис Џонс (81) која се омажила за 45 години помладиот Мохамед Ахмет Ибрахим (36).

 

 

Нивната љубовна приказна започнала на социјалната мрежа Фејсбук, а бидејќи младоженецот е од Египет, на оваа баба не и било тешко да ги спакува куферите и да отиде таму да се видат во живо, а потоа да се омажи.

Парот сега живее во Велика Британија, а Ајрис секојдневно на мрежите објавува „идилични“ слики од нивниот заеднички живот.

А како во пракса изгледа бракот со 45 години помлад сопруг, открила Ајрис на Фејсбук. И мора да се признае, некои детали ја згрозија јавноста…

Loading...

 

 

„Љубов е кога саканиот ќе ти ги исече ноктите. Кога саканиот ќе те носи на вториот кат кога ќе се расипе лифтот. Кога со часови ќе го бара мобилниот што си го оставила во „убер“. Љубов е кога Оној што го сакаш спие на подот во болницата и одбива да те остави додека се опоравуваш од падот. Кога без потешкотии ја слуша мојата поплака за жештините во Египет“, напиша таа во својата објава.

На крајот од објавата таа додаде дека трпението, разбирањето, решителноста, грижата и вниманието на Мохамед кон неа се токму причината поради која таа толку многу го сака.

 

 

Loading...

Инаку, Ајрис се развела од поранешниот сопруг пред четириесет години, а со него има два сина кои на почетокот биле скептични за нејзината врска со Мохамед, но се предомислиле кога го запознале.

Пролетта двојката била разделена бидејќи Мохамед морал да се врати во Египет за да ги среди документите, а разделбата била многу тешка за бабата.

„Имам денови кога само плачам цело време. Одделена сум од некој што го сакам и тоа е многу тешко“, напиша таа.

 

 

За нивната прва средба зборуваше и Мохамед, кој не штедеше зборови на восхит кон својата сопруга.

„Бев многу нервозен, но во моментот кога ја погледнав, знаев дека тоа е вистинска љубов. Многу сум среќен маж што најдов ваква жена”, вели ова момче на кое очигледно ништо не му паѓа тешко да направи за својата жена, ни тоа, што за многумина е незамисливо…

Loading...