Седумдесет и едногодишниот Д.М. од Куманово вчера опколу 7:45 минути бил приеден на Граничниот премин Табановце, а се барал за издржување затвроска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено при пасошката контрола било констатирано дека Д.М. бил предмет на потрага на полицијата за издржување казна затвор во траење од 25 дена за сторено кривично дело „кражба“.
Истиот бил приведен и во 08,10 часот со потврда за предавање на лице, бил предаден на полициски службеници од Секторот за внарешни работи – Куманово, за понатамошна постапка.