Полицијата во Париз официјално објави дека 600 безбедносни сили ќе бидат задолжени за мирно одвивање на кошаркарскиот натпревар од Евролигата овој четврток меѓу Париз и Макаби Тел Авив.
„Постои сериозна закана“
Париската полиција оваа средба ја класифицира како високоризична, со четворка на скала од 1 до 5, наведувајќи дека постои сериозна закана од терористички напади или каков било друг вид конфликт.
Веќе со месеци специјално се обезбедуваат натпревари на француска територија во кои учествуваат израелски клубови или репрезентација.
Околу четири илјади полицајци и чувари беа распоредени во ноември минатата година кога Париз беше домаќин на фудбалскиот натпревар од Лигата на нации меѓу Франција и Израел.
Инцидентот се случи на кошаркарскиот натпревар меѓу Нантер и Хапоел Холон во средината на декември минатата година, кога навивач истрча кон центарот на теренот веејќи палестинско знаме.
Следуваше општа тепачка и бројни апсења.
Кошаркарскиот натпревар Париз-Макаби ќе се одржи во арената „Порте де ла Шапел“ или „Адидас арената“ која може да прими осум илјади гледачи.
За израелските навивачи обезбедени се илјада билети.
Дуелот започнува во четврток, во 20 часот и 30 минути.