500 полицајци на задача во Малина Маала и Брест (фото)

Сподели со своите пријатели

Како што јавува порталот Журнал.мк на албански јазик, во моментот во планинските села Малина Маала и Брест, сместени во Скопска Црна Гора на границата со Косово, се одвива полициска акција во која се вклучени 500 припадници на безбедносните сили.

Loading...

www.zhurnal.mk

фото:Журнал.мк

Според порталот, мисијата на ОБСЕ била спречена да биде на местото на настанот, со оправдување од македонската полиција дека мисијата немала блиндирано возило, јавува Журнал.мк.

Според се` уште непотврдени информации од МВР, дел од оружјето што им беше одземено на полицајците при нападот на караулата „Гошинце“, денеска е пронајдено во селото Малино Маало во близина на Липково, јавува Утрински весник.

Големата полициска акција во реонот околу Гошинце започна да се одвива утрово откако Министерството за внатрешни работи добило оперативни сознанија дека во селото има лица поврзани со нападот на караулата.

Според првичните информации, извршени биле претреси во повеќе објекти во Малино Маало на северната граница со Косово, при што е пронајдено дел од оружјето и муницијата.

Повеќе детали за акцијата, МВР најави за денеска.

Loading...

Фото: Журнал.мк

Leave a Reply