Зборовите можат да пресечат полошо меч, затоа користете ги смислено и со љубов, особено кога комуницирате со децата.
Иако изгледаат безопасни, некои реченици можат да имаат длабоки последици и да ја поткопаат самодовербата на детето.
Ова воопшто не треба да им го кажувате:
- Ако не престанеш со тоа, ќе те оставам тука!
Заплашувањето со напуштање за да го постигнете она што го сакате не е средство за постигнување цел. Грижливите родители нема да го користат тоа. Детето треба да се чувствува заштитено од родителите во секое време.
- Зошто не си како твојот брат/сестра?
Никој не сака да се споредува со другите во негативен контекст. Ова прашање е одличен начин да се создаде комплекс кај детето и да се наруши неговата самодоверба.
- Како ја ќе речам. Ете затоа!
Децата исто така заслужуваат објаснување.
- Остави, јас ќе го направам тоа!
Децата мора да научат да се потпираат на своите јаки и способности, така ќе добијат самодоверба.
- Не си добар
Ако зборувате отворено или му сугерирате на вашето дете дека не е доволно добро, тоа ќе се однесува така. Ако веќе треба да го прекориш, кажи му дека тоа што го направило е лошо.