Пет државни советници кои ќе можат да го заменат новоименуваниот крал Чарлс III кога е болен или надвор од државата, ќе ги именува тој самиот.
Станува збор за неговата сопруга, кралицата Камила и четворицата први во низата наследници кои имаат над 21 година.
Односно принцот Вилијам, принцот Џорџ, принцот Хари, принцот Ендру и принцезата Беатрис.
Сепак, назначувањето на принцот Ендрју веројатно ќе шокира и изненади многумина, со оглед на тоа што тој повеќе не ги извршува кралските должности откако беше обвинет за сексуална злоупотреба во граѓанска тужба во САД.
Вирџинија Јуфре тврди дека војводата сексуално ја злоставувал кога имала под 18 години.
Принцот Ендру отсекогаш ги негираше обвинувањата против него и случајот беше решен надвор од судот.
И покрај тоа што е една од најпочитуваните членови на кралското семејство, принцезата Ана нема да биде државен советник бидејќи е 16-та во редот за тронот.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.