Четириесетгодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека управува возило без положен возачки испит.
– На 19.06.2026 година во 09.05 часот на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(40) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит.
– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, додаваат од СВР Куманово.
По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

