4 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите за популарната „боб“ фризура

Сподели со своите пријатели

Веќе неколку сезони наназад, боб е дефинитивно најпопуларната фризура, која сè поголем број жени сакаат да ја испробаат и со тоа да направат смела промена и да излезат од нивната зона на удобност.

Loading...

Сепак, една од основните дилеми да не носите боб е дека не сте сигурни како ефикасно да го стилизирате во оние денови кога не сте во можност да одите кај фризер.

Изгледот на боб фризурата зависи од квалитетот и текстурата на вашата коса, а за да може секогаш да изгледа беспрекорно, треба да ги знаете овие неколку факти пред да ја скратите косата.

1. Обликот на лицето е важен за оваа фризура

Боб е фризура која генерално одговара на секој облик на лице, а она што е различно е дефинитивно начинот на шишање.

Со правилно пресекување ќе ги изразите најистакнатите дамки на лицето. Ако сакате акцентот да биде на долниот дел од вашето лице, изберете дијагонален начин на шишање, а доколку сакате акцентот да биде на вашите образи, изберете четириаголна форма.

2. Размислете за текстурата на вашата коса

Текстурата на косата е всушност најважниот фактор, кога се одлучувате за носење на боб фризурата и дали воопшто да ја носите.

Loading...

Ако вашата коса е тенка, одлучете се за краток боб, бидејќи тоа визуелно ќе ви додаде волумен.

Ако вашата коса е природно кадрава, ќе ви биде поудобно со боб што е пократка на темето и поголема напред, бидејќи е погоден за стајлинг со виткање на косата во локни.

3. Тоа е многу барана фризура

Ако сакате да ја носите оваа фризура, треба да имате предвид дека треба редовно да ја одржувате, негувате, стилизирате и шишате косата со цел бојата да ја задржи својата вистинска форма.

Ќе треба да го посетите вашиот фризерна секои 5 до 6 недели.

4. Потребно е стилизирање

Боб е навистина напорна фризура и секогаш по миењето ќе изгубите еден час за да ја стилизирате косата. Без ралзиката дали сакате локни или права коса, неопходно е да користите уред за стилизација, како и препарати кои ќе ја заштитат вашата коса од претерано изложување на високи температури.

Единствено кога ќе го земете предвид сето ова, ќе донесете одлука дали боб е вистинската фризура за вас.

Loading...

Leave a Reply