Триесетгодишник ноќва бил приведен во Куманово откако полицијата констатирала дека управувал возило без да има положен возачки испит.
– На 20.06.2026 година во 02.35 часот на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ф.(30) од село Студеничани, скопско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит.
По насоки на јавен обвинител, според СВР Куманово, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено.
– По целосно документирање на случајот против И.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

