Судир на два воза во Германија: Вагони паднаа од надвозник, едно лице е тешко повредено

Сподели со своите пријатели

Два вагона од товарен воз паднаа од железнички надвозник во Минхен. Едно лице се здоби со животозагрозувачки повреди.

Според досегашните информации, несреќата се случила за време на маневрирање, кога два товарни воза се судриле од засега неутврдени причини, како резултат на што два вагона паднале од надвозникот, објавува РТС Билд.

Според првите проценки на полицијата, возот чии вагони паднале од надвозникот не превезувал товар, па затоа немало опасност за населението.

Припадници на федералната и покраинската полиција, пожарникари и служби за итни случаи се на терен, а во операцијата е користен и дрон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Птичји грип потврден за прв пат на сите континенти

Околностите на несреќата засега не се утврдени, а ангажиран е и форензички експерт за да ги истражи причините за инцидентот.

Улицата Шлајшајмер е затворена за сообраќај во двата правци. Полицијата вели дека отстранувањето на остатоците ќе трае во текот на целиот ден, а можеби нема да биде завршено до утре.

Според Германските железници, инцидентот нема да влијае на регионалниот и меѓуградскиот патнички сообраќај, бидејќи спорната пруга се користи исклучиво за товарни возови.