2,9 милијарди денари ќе биде Буџетот на Општина Куманово за 2025 година

Loading...
Сподели со своите пријатели

Скоро три милијарди денари, или 48 милиони евра ќе тежи Буџетот на Општина Куманово за 2025 година, кој вчера го изгласа Советот на седница која траеше речиси 12 часа.

Буџетот е за 15 отсто поголем во однос на оној за 2024 година кој изнесуваше 2,1 милијарди денари.

– Вкупниот буџет на општина Куманово за 2025 година изнесува 2.991.022.424 денари и е за пет проценти зголемен во однос на ребалансираниот буџет односно 15 проценти во однос на ланскиот буџет“, рече на вчерашната седница на советот на општина Куманово Виолета Димитриевска, овластен раководител на сектор за финансиски прашања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарникарите ќе имаат пункт кај Спомен Костурница, полицијата да ангажира позорникари

 

 

Основниот буџет изнесува 1,4 милијарди денари односно 22,7 милиони евра.

– Во рамките на основниот буџет влегува и буџетот од приходи на самофинансирачки активности во износ од 76.735.984 денари (основно, средно образование, детска градинка, дом за стари лица, и библиотечна дејност), влегуваат и приходи од дотации – наменски дотации распределени по соодветни програми и приходи од донации во износ од 28.406.659 денари, појасни Димитриевска.

Loading...

Предлог-буџетот на општината за 2025 година не доби поддршка од советничката група на СДСМ и коалицијата.

Буџетот се состои од општ, посебен и развоен дел. Во рамки на општиот буџет се опфатени вкупни приходи и расходи, во посебниот дел се плановите, а развојниот дел ги опфаќа развојните програми за 2025, 2026 и 2027 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Далибор Стаменковски од Куманово на самит со европската елита на кондициони тренери (ФОТО)

Никола Ивановски