245 нарушувања на јавниот ред и мир во Куманово во првото полугодие годинава

Сподели со своите пријатели

Вкупно 245 настани од областа на нарушување на јавниот ред и мир биле регистрирани во текот на првата половина од 2024 година.

Loading...

Според извештајот на Полициската станица за општа надлежност Куманово, за нијанса повеќе пријави имало во споредба со истиот период од 2023 година, кога имало 239 вакви настани.

Вкупно реализирани се 267 прекршоци во првата половина од 2024 година, што е благ пораст во споредба со 252 во 2023 година.

– За истите до надлежните институции се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка по ЗППЈРМ, додека останатите прекршоци се во тек на реализација и за истите се отворени соодветни досиеа, стои во извештајот на Полициска станица за општа надлежност Куманово.

Имало 823 поплаки од граѓани од кои 763 се реализирани со предупредување, 12 се прекфалификувани, а за  останатите се работи на нивно расчистување.

– Од страна на ОС Куманово доставени се вкупно 307 наредба за постапување, за кои што од наша страна е постапено по сите и е доставено известување, од кои наредби по основ на приведување веднаш по пронаоѓање на лице, приведени се 20 лица, по основ приведување во суд на точно одреден датум реализирани се 67 и  по основ приведување за издржување на казна затвор приведени се 11 лица. Исто така постапено е и по 630 барања од суд за проверка на адреса и достапност на лица, стои во извештајот.

Меѓу останатите активности на полицијата, предупредени биле 785 лица, приведени 142, спроведени 163, повикани 315. Исто така полицијата извршила 26 контроли во угостителски објекти.

Никола Ивановски

Loading...