22 лица повредени при судир на патнички воз и локомотива во Шпанија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Несреќа се случи во североисточна Шпанија кога регионален патнички воз и локомотива директно се судрија, при што беа повредени 22 лица.

Loading...

Регионалната влада на североисточна Каталонија соопшти дека пет лица од 22 повредени лица се во тешка состојба, пренесува АП.

Судирот се случил во неделата доцна навечер во близина на градот Вилашец, јужно од Барселона, а во возот имало 75 патници.

Шпанската железничка инфраструктура Адиф соопшти дека локомотивата имала проблем со сопирачките, а истрагата за судирот е во тек.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на пругата и денеска останал во прекин.