На петти април 1992 година, започна најдолгата воена окупација на Сараево, БиХ. Борбите стивнаа на 14 декември 1995 година, кога во Париз беше потпишан Дејтонскиот мировен договор, а окупацијата на Сараево конечно заврши на 29 февруари 1996 година.
По тој повод, изработена е и активна веб – платформа http://opsadasarajeva.com/# достапна на босански, српски, хрватски, турски, арапски и англиски јазик, која ги содржи бираните документарни филмови, фотогалерии, интерактивни прикажувања, мапи, видеоматеријали, наградени приказни и клучни информации за текот на настаните за најдолгата воена окупација на еден главен град во модерната историја.
Помеѓу останатот, веб платформата нуди и виртуелна обиколка низ Тунелот на живот и Историскиот музеј во Сараево со паномарски (360°) снимки на локации, како и едноставна поделба на содржините на социјалните мрежи.