Здружението „Центар за Интеркултурен Дијалог“ од Куманово , во партнерство со здружението “Без граници 21 век” од Ќустендил, Бугарија го спроведуваат 15-от месечен проект Shift – кон онлајн и офлајн заедница за претприемништво кофинансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка.
Во рамките на проектот денеска се одржа формалниот дел каде младите заедно со бизнис секторот од градот, локалната самоуправа, одржаа формална работилница на која беа презентирани досегашните достигнувања на самиот проект.
– Овој караван има за задача да донесе сето она што е направено во текот на проектот, тука спаѓаат брошурата што е направена во овој 15-месечен период, исто така да се изложат знаењата што се излагани во текот на семинарот, петдневниот семинар, исто така да се уведат и да се споделат знаењата од „Study visit“ кој е извршен во Бугарија и во Македонија. Целната група се млади луѓе од 18 до 30 години. Исто така и дел од стикхолдерите на локална самоуправа, бизнис секторот, студентите, локалната самоуправа. Вториот дел од караванот ќе се одржи во Мулти култи младинскиот центар и тука целна група се само младите студенти каде ќе имаме интерактивни работнилници за проект менаџмент и за комуникациски вештини, изјави Александра Цвековска, проектен координатор.
Целна група на проектот се млади луѓе од 18 до 30 годишна возраст, а во рамките на денешната активност предвиден е и неформален дел кој попладнево се одржа во просториите на Младинскиот центар Мулти култи, а каде студентите дебатираа на тема проектен менаџмент и комуникациски вештини.
– Има постигнато резултати, така што веќе во Бугарија и во Македонија младите припремаат свои бизнис акции, така што со текот на времето ќе се видат резултатите, но тоа е добро што младите веќе почнаа да се потикнуваат и мотивираат на оваа тема, затоа што мислам дека оваа тема е понепозната за младата популација воопшто, изјави Цветковска.
Основа на проектот е креирање на online web-платформа како заедничко место за учење, споделување на знаења и практики од страна заинтересираните учесници и активните претприемачи за отпочнување на социјално претприемништво или придружување во работата на постоечките.