Зрно од топовска граната со калибар од 75мм вчера било пронајдено во двор на мештанин на селото Романовце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот го пријавил 61-годишниот З.Е. од селото Романовце вчера околу 13:30 часот, кој при расчистување на својот двор со багер го пронашол зрното, кое најверојатно потекнувало од Втората светска војна.
Екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово извршила увид, по што била известена Дирекцијата за заштита и спасување за безбедно подигање на експлозивната направа.