Зошто Турција го блокираше Инстаграм?

Сподели со своите пријатели

Турција не го постигна посакуваниот резултат на средбата со претставници на Инстаграм, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, пренесе НТВ.

Loading...

Турција го блокираше пристапот до платформата минатата недела.

Уралоглу рече дека се надева оти ова прашање ќе биде затворено, но дека разговорите со претставниците на Инстаграм ќе продолжат, објави Ројтерс.

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм, соопшти во петокот турското регулаторно тело за информатичка технологија, без да ја прецизира причината или колку долго ќе трае забраната.

Таа одлука е објавена на веб-страницата на турската регулаторна управа за информатичка технологија.

Забраната дојде откако турскиот телекомуникациски функционер Фахретин Алтун го критикуваше Инстаграм за блокирање на објави во кои се изразува сочувство за убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије.

Алтун, кој е шеф за комуникации на турското претседателство, на платформата Х (Твитер) напиша дека е очигледна цензура бидејќи Инстаграм не навел дека имало прекршување на правилата за објавување на таа платформа кога блокирал објави во кои се изразува сочувство. за убиството Ханије.

Турција е на петтото место во светот за користење на Инстаграм со околу 57 милиони корисници, по Индија, САД, Бразил и Индонезија, според Статиста.

Loading...