Зошто се повеќе деца прозборуваат доцна, открива логопедот Елена Митиќ

Сподели со своите пријатели

На периодот на прозборување му претходи сложен подготовителен период во кој се формираат темелите на говорниот развој.

Loading...

Според кумановката Елена Митиќ, клинички логопед – специјалист и МартМео практичар од Логолино, тој период трае од раѓањето на детето до неговата втора година.

– Секое дете има свое темпо на развивање под оптимални услови на родителска грижа, а секој родител сака тој развој максимално да го унапреди. Основен акцент на стручните лица треба да биде на превенција и раната интервенција на децата и на родителите да им ги посочат нормите на говорниот развој на детето, вели Митиќ.

Секое дете е индивидуа само за себе, вели таа, но потенцира дека родителите треба да го следат развојот на детето.

– Лингвистичка фаза  во развојот на говорот започнува кога детето ќе го усвои својот прв смислен збор нпр. мама ,тато и има показен гест. Детето треба да разбира, да реагира на своето име и да извршува едноставни налози. Говорно-јазичен развој е континуиран, долготраен процес. Се почеста појава е родителите со своите двегодишни деца, да доаѓаат на логопедски третман ,поради тоа што детето не прозборело или зборува на свој јазик и кажува само неколку зборови. Тогаш родителите забележуваат дека нивното дете се разликува од своите врсници, продолжува Митиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 320 ученици од Куманово учествуваа во натпревар за сообраќај

Во периодот од 12 до 24 месечна возраст на детето, според логопедот Митиќ, најважно е родителите да им зборуваат на своите деца додека јадат, се капат, си играат, се облекуваат, односно сите нивни активности и геестови родителите да им ги преточат во зборови.

– Родителите треба да ја користат секоја прилика да им зборуваат на нивните деца да избегнуваат сложени концепти и да изговараат едноставни, кратки и јасни реченици, нагласувајќи ги клучните зборови со покажување на детето што да прави додека ги изговара и секако да не дозволат претерано изложување на екрани, додава таа.

Според Митиќ, во првите три години животот на детето е најбогат со  креативни потенцијали кои мораат да се искористат.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГФК Куманово го пречекува ФК Фортуна: Дојдете масовно и навивајте коректно!

– Опкружувањето на детето мора да биде што поинтересно за да детето може да ги развие своите говорно јазнични способности. А тоа подаразбира читање на едноставни приказни, моторички игри кои што се за нивна годишна возраст фаќање и фрлање на топка, качување по скали, игри со песок и каменчиња. Постојат и медицински проблеми поради кои децата подоцна прозборуваат, а тоа се неуролошки проблеми, проблеми со слухот, моторички проблеми, вели таа.

Говорно – јазичните проблеми, вели Митиќ, може да се корегираат со помош на логопедски третман, пристап, подршка и едукација на родителите.

– Во нашиот логопедски едукативен центар Логолино се изработува индивуален план и програма за работа за секое дете, се следи логопедскиот третман со ретестирање на 3 до 6 месеци, а вклучени се и најсоверемени логопедски инструменти од кои и Behringer Digitalen logopedski set II кој има повеќе наменска функција и ги унапредува третманите овозможува брза и презицна обработка на гласот онака како што работи и човечкиот мозок, појаснува логопедот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дарко од Куманово на Малта се закити со медали во бодибилдинг (ФОТО)

Препорака на Митиќ е родитеите навремено да бараат стручна помош кога ќе забележат дека говорно – јазичниот развој на нивните деца не ги исполнува критериумите за неговата календарска возраст.

Тоа, вели, е клучен момент децата полесно да ги надминат своите говорно јазични потешкотии.

Никола Ивановски