Пластичните шишиња се неизбежен додаток во летните месеци. Тие се најлесниот начин за транспорт на вода и други освежителни напитоци во текот на топлите денови. Експертите предупредуваат дека настанува проблем кога едно шише се користи повеќе пати.
Loading...
Шишето е легло на бактерии
Во текот на летните месеци се бактериите молскавично се шират во нашата околина, па посебно внимание треба да се насочи кон приборот кој го користиме за јадење или пиење. „Најопасниот“ дел од пластичното шише е отворот на кој ги прислонуваме устата, затоа што бактериите се пренесуваат од усната шуплина на нерамните делови од пластиката и таму се размножуваат. По повеќекратното користење на пластичните шишиња настануваат ситни набори и оштетувања кои дополнително ги привлекуваат бактериите.
Топлината испушта опасни хемикалии
За да го спречите ширењето на бактериите, пластичното шише треба да го измиете со млака вода и детергент. Во желбата детално да ги измиете бактериите многумина посегнуваат по топлата вода (или шишето го ставаат во машина за садови) која има спротивен ефект од посакуваниот. Пластичното шише не е конструирано за иложување на високи температури затоа што така испушта хемикалии кои се опасни по животот.
Најсигурно е шишето да го користите еднаш
Пластичните шишиња вода и сокови кои се продаваат во продавницит еби требало да се користат само еднаш. На пазарот постјат специјализирани шишиња за повеќекратна употреба кои се произведуваат на поинаков начин, но ниту тие не се 100% сигурни.