Празничните украси нè прават среќни! Така велат научниците и ние треба да ги слушаме.
Празничните украси создаваат бајка во домот и тоа е убаво чувство кое не треба да се избегнува. Светилки, лампиони, светки и други украси создаваат магија.
Новогодишните украси имаат многу бои, но сепак црвените украси се малку потрадиционални.
Црвената боја има моќна симболика која привлекува љубов и поволен почеток, бидејќи ја означува бојата на љубовта и енергијата.
Во христијанската традиција, црвената боја ја симболизира крвта на Исус Христос пролеана за да се спаси човечкиот род.
Исто така, црвената боја поттикнува чувство на топлина и потсетува на оган, црвени бобинки и Дедо Мраз. Луѓето кои сакаат црвено се екстровертни, весели и импулсивни.
Сепак, треба да бидете и умерени со неа, бидејќи премногу црвена боја може да поттикне агресија, преголема возбуда и интензивни емоции.
Затоа, ако црвената боја е доминантна во просторот, таа треба да се неутрализира со други помалку огнени бои, како бела или златна, па дури и зелена.