Зошто ни тече носот кога сме болни?

Сподели со своите пријатели

Во овој период од годината луѓето обично имаат впечаток дека сите околу нив се преладени и дека не секоја страна некој дува во марамче, но зошто нашите носеви воопшто се влажни?

Одговорот лежи во начинот на кој носевите се борат против болеста.

Носот е сложен орган – го загрева и модифицира воздухот кој го вдишуваме и се однесува како „заштитник“ кој спречува во нашиот организам да навлегува прашина, микроорганизми и се останато што би можело да го загрози нашето здравје, вели Стела Ли, професор по оториноларингологија на Медицинскиот центар на Универзитетот во Питсбург. Тоа значи дека носот претставува главно бојно поле на имунолошкиот систем, односно го штити телото од продирачки болести.

Дури и кога не сме болни, слузот ја прекрива внатрешноста на носот. Таа спречува продирањена бактериите и вирусите со кои би можеле да се инфицираме доколку допрат до чувествителните ткива во телото. Слојот трепкачки минијатурни структури како влакненца во внатрешноста на носот ја движи слузот од предниот дел на назалните канали кон грлото и низ него.

Кога сме болни тоа значи дека патогените организми минале низ оваа препрека. За да го заштитиме организмот, имунилошкиот систем тогаш стапува во акција. Малите протеини, наречени цитокини, ги развиваат Т и Б клетките кои трагаат по патогените и ги уништуваат.

Тие исто така испраќаат сигнал на носот да започне да произведува поголема количина на слуз за да се спречи натамошната навала на опасните микроорганизми. Преголемата количина на слуз предизвикува отекување на мукозната мембрана и назалната шуплина започнува да се полни со течност. Таа исто така може да тече од носот, а ова медицинска состојба е наречена ринореја, а во народот позната како „течење на носот“.

Кога телото се ослободува од патогените организми, имунолошлкиот систем ги намалува „сингалите за паника“ и мукозната мембрана се враќа во нормална состојба.

Треба да се има во предвид дека кога ќе ги исфрлите течностите и слузот од носот, таа и натаму содржи одстранети бактерии или вируси, што значи дека е многу заразна. Со други зборови, лесно болеста може да премине на другите. Фрлањето марамчиња во отпад и миењето раце веднаш потоа е најдобриот начинд а се спречи ширењето на болеста.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.