Зошто невестата стои од левата страна на младоженецот?

Сподели со своите пријатели

Според обичајот, невестата секогаш стои од левата, а младоженецот од десната страна. Тоа не е така случајно, туку постои причина која воопшто не е романтична. Имено, во минатото мажот требало да ја киднапира жената за да се венча со неа. Овој обичај постоел илјадници години и е забележан во грчката митологија (кога Парис ја киднапирал убавата Елена Тројанска), во библијата и во многу други историски документи.

Овој обичај има влијание и ден денес и тоа преку начинот на кој невестата и младоженецот се наместени на свадбата. Според податоците во енцикопледијата „The Knot and Compton“ постои причина за тоа: Во минатото десната рака на мажот требало да биде слободнa за да може да го извлече мечот ако има потреба.

Како и Парис кој бегал со Елена држејќи ја во левата рака, потенцијалниот младоженец очекувал отпор од страна на семејството на невестата и другите додворувачи, па затоа морал секогаш да биде подготвен да го употреби мечот ако некој му застане на патот. Ова се случувало сѐ до Средниот век.

Со оглед на тоа што повеќето мажи се деснаци, погодно било невестата да стои од левата страна за десната рака на младоженецот да биде слободна. Не звучи многу романтично, се согласувате?