Зошто и колку дебелее отсуството на сон?

Сподели со своите пријатели

Не е тајна дека ненаспаноста не е воопшто здрава. Не само што се чувствувате ужасно другиот ден, ами и има голема шанса да  ја испратите диетата/здравата исхрана по ѓаволите и да започнете да ги зголемувате килограмите.

Loading...

Научниците конечно успеаја да сфатат колку точно опасна за фигурата е ненаспаноста – 385 калории повеќе дневно покажале анализите од 11 студии објавени во European Journal of Clinical Nutrition.

Причини да конзумираме кромид секој ден

Резултатите покажуваат дека учесниците не правеле обиди да ги согорат овие дополнителни калории што ќе ги претворат во непотребна тежина.

Логично вклучените во овие 11 истражувања ги смениле нормалните навики во исхраната во присуство на ненаспаност, но интересно е дека тие земале преку храна повеќе протеини и масти.

 

 

Loading...

Зошто лошиот сон ве тера да се чувствувате како гладен ѕвер?

Според авторите на истражувањето причината лежи најмногу во последниот хормонален дисбаланс.

При ненаспаност се менуваат нивото на хормоните на апетитот и гладта грелин и лептин, поради што мозокот бара храна, за да ја задоволи потребата на „центрите за награда”.

Индиски техники против стрес, но и за добро здравје

Тогаш храната изгледа неколку пати попривлечно, колку е помрсна, слатка и калорична.

Се разбира, секој има денови во кои не успева да го отспие својот „бјути сон”, но истражувањето на „Галуп” покажува дека 40% од луѓето кои редовно не успеваат да ги обезбедат неопходните за одмор 7-9 часа на ден, неосетно и несвесно прикачуваатт секој месец барем 1 кг. (7000 дополнителни калории).

Ова, за возврат го зголемува ризикот од развој на болести како дијабетес тип 2, хипертензија и срцеви болести.

Leave a Reply