Зошто Финците слават ден на неуспех? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од сите необични празници и национални денови во светот, еден од најчудните е Финскиот национален ден на неуспех.

Loading...

 

 

И логично, се поставува прашањето зошто народ со толку високи стандарди кој се смета за најсреќна нација во светот, би посветиле цел ден на славење и величење на неуспесите.

Првиот ден на неуспехот го одржале студентите во 2010 година, со образложение дека на Финска во иднина ќе и требаат илјадници нови компании и работни места, но природниот страв од ризик спречил многумина да започнат сопствен бизнис и да почнат да ги остваруваат своите соништа.

Финците се успешни во она што знаат да го прават, но повеќето едноставно не сакаат да излезат од својата комфорна зона и да пробаат нешто ново. До еден момент.

Тие решиле да ги свртат работите – не само што го прифатиле неуспехот како опција, туку почнале и да го слават.

Loading...

Првата прослава привлекла големо внимание во јавноста. А во идејата ги поддржале  и управниот одбор на „Нокиа“, а подоцна им се придружиле и многу успешни луѓе и политичари.