Зошто февруари е најкраткиот месец во годината?

Сподели со своите пријатели

Во епизодата „It’s Okay To Be Smart“ водителот Џо Хенсон објаснува поради што токму месецот февруари има 28 дена (и привремено 29).

Loading...

Ромул, според легендата на еден од основачите на Рим, кој владеел од 753 до 715 година пред новата ера, имал пред себе еден проблем.

Со се поголемиот број на фестивали, гозби, различни воени церемонии и религиозни прослави, Ромул имал потреба од календар како би организирал се.

Престапна 2020та година: Зошто 29 февруари е поинтересен отколку што мислите?

Така и Римјаните го прифатиле лунарниот календар. Кај Римјаните тој имал само десет месеци, почнувал со март а завршувал со декември.

Проблемот со тоа било што годината имала помалку 61,25 дена, па Римјаните ја сметале новата година од полната месечина пред пролетната рамнодневица.

Другиот крал на Рим, Нума Помпиј, го променил овој систем. Парните броеви претставувале лоша среќа, па Нума отстранил по еден ден секој месец кој имал 30 дена.

Тој исто така сакал неговиот календар да се поклопува со сите 12 месечни циклуси, што било 354 дена. Бидејќи и тоа било парен број, Нума го заокружил бројот на денови на 355.

Loading...

Тајанствени и упорни: 10 факти за родените во февруари

Преостанатите денови ги поделил на два месеци (јануари и февруари) и ги поставил на крајот на годината.

Така февруари добил 28 дена, што било парен број, но бидејќи бил месец посветен на духовното прочистување, на Римјаните не им сметало.

Ниту еден од овие два календари, според повеќето карактеристики, не се поклопува со денешниот.

Leave a Reply