Престапна 2020та година: Зошто 29 февруари е поинтересен отколку што мислите?

Сподели со своите пријатели

Една сончева година трае приближно 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди. Овие дополнителни нешто повеќе од 5 часа се причината зошто постојат престапни години.

Loading...

Годините со 366 дена, колку што има секоја четврта, ги потикнува жените да ги свршат своите мажи и ги прави роденденските прослави многу збунувачки за некои луѓе.

Еве неколку од причините зошто 29 февруари е поинтересен отколку што мислевте.

Целта на престапните години е да се помогне прилагодувањето на Грегоријанскиот календар со сончевиот календар и да се осигура дека настани како што е пролетната рамноденица ќе се случуваат „навреме“.

Сепак, ниту еден дополнителен ден во февруари на секои четири години не може да обезбеди целосно усогласување, поради што научниците понекогаш се повикуваат на „престапна секунда“.

Престапната секундата е додавање на една секунда, која повремено се применува на Координирано универзално време (УТЦ) за да се намали разликата помеѓу прецизното време што ги мери часовите и неточното сончево време, што варира како резултат на долгорочното забавување на ротацијата на Земјата.

Како знаеме која година е престапна?

Многу едноставно: ако последните две цифри од годината се делат за четири (на пример, 2016, 2020, 2024) тоа е престапна година.

Loading...

Годините што го одбележуваат крајот на векот се одвоени од ова правило. Тие мора да бидат деливи со 400 за да бидат престапни години. Значи 2000 и 2400 се престапни години, но 2100 нема да биде.

Зошто жените ги свршуваат мажите токму на 29-ти февруари?

Откако папата Григориј XIII го прогласи Грегоријанскиот календар во 1582 година, идејата да се додадава 29 февруари на секои четири години се чинеше толку смешна што направија комична претстава во британскиот театар во која се вели дека жените треба да ги заменат здолништата со панталони тој ден и да се однесуваат како мажи.

Претставата беше означена како сатира, но уште во 18 век, жените го користеа 29-ти февруари за да ги свршат мажите. Традицијата, која денес се нарекува „Ден на младоженецот“, кулминираше во почетокот на 20 век и продолжува да се практикува ден денес во Велика Британија.

4. Раѓање, но и нешто друго

Има околу четири милиони луѓе во светот родени на 29 февруари. Веројатноста дека ќе се роди дете на овој датум е 1:1.500.

Луѓето кои се родени на 29 февруари имаат многу проблеми да го слават роденденот, но се случува и некој да умре на тој ден.

Според енциклопедијата за светско наследство, Џејмс Вилсон, кој по потекло бил Британец, а за време на неговиот живот станал осми премиер на Тасманија, „се родил на престапен ден и умрел токму тој ден“.

Loading...

5. Попусти за 29 февруари

Во многу земји, трговците даваат големи попусти на овој конкретен ден. Затоа, обрнете внимание, можеби ќе можете да го купите она што го сакавте по одлична цена.

Leave a Reply