Зошто доматите го немаат вкусот како некогаш? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Одамна ни е познато дека доматите не се веќе толку вкусни како некогаш, но сега  е познато и зошто. Научно истражување утврди дека доматите навистина се помалку вкусни отколку пред 50 години.

Loading...

 

 

Истражување објавено во магазинот Science открива дека тоа се должи на современите сорти, кои се помалку вкусни од постарите.

Тим научници истражувал околу 100 современи сорти домати. Тие тврдат дека со вкрстување на традиционалните сорти со оние современите, може да се добијат сорти кои ќе бидат со убав изглед и отпорни на болести, но и со убав вкус.

Со посебни методи се издвоени 13 супстанци кои на доматите им даваат специфичен вкус.

Споредувајќи ги традиционалните сорти на домати кои се користеле во минатото со овие кои преовладуваат денес, заклучокот е дека со тек на времето се изгубиле супстанците клучни за дефинирање на вкусот.

Loading...

Ова истражување е логична последица на постојаните жалби дека доматите кои денес ги купуваме во супермаркетите се со лош вкус. Научниците ги интересирало што навистина се променило со самите домати. Како највкусни ги оцениле традиционалните сорти кои се одгледуваат во мали градини.

Вкусот на доматите се изгубил со тек на времето бидејќи луѓето тогаш не ја познавале молекуларната и генетската база. Се насочиле само на количина, продуктивност и отпорност на болести. Но, изгубиле состојки кои го дефинираат вкусот на доматите какви што биле некогаш.