Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев вчеравечер беше гостин во емисијата „Став“, која се емитува на локалната телевизија Плус, а негов домаќин беше Снежа Петковска.
Во едночасовното интервју Заев се осврна на настаните кои го одбележуваат овој период, политичката криза, Специјалното јавно обвинителство, а осврт даде и за новата програма на СДСМ со која ќе се појават на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни.
Зоран Заев одговараше и на прашањата поврзани за настаните од Диво насеље, како и за игнорантскиот однос кој централната власт го има кон Општина Куманово и Општина Струмица.
Тој истакна дека Куманово и во најтешните моменти останало до крај верно на Социјалдемократскиот сојуз, но тоа не е причина да остане маргинализирана општина од страна на државата.
Што друго зборуваше лидерот на опозицијата, погледнете во едночасовното итервју од емисијата.