Зоолошка градина обвинета дека фарбала кучиња како панди

Сподели со своите пријатели

Зоолошката градина Таиџоу во источната кинеска провинција Џиангсу е обвинета за лажно рекламирање затоа што ги заведувала своите посетители да мислат дека ќе видат панди со тоа што го бојадисувале крзното на кучињата чау чау во црно-бело за рекламни цели.

Loading...

Зоолошката градина на 1 мај на социјалните мрежи ја објави веста за новата поставка „куче панда“ која чини 2,58 евра, но посетителите се разочараа кога пристигнаа во градината и видоа дека се работи за обоени кучиња, пренесува Sky News.

Работникот од градината ги отфрли обвинувањата за лажно рекламирање, нагласувајќи дека тоа е само нова понуда за посетителите која не се наплаќа дополнително и дека во огласот јасно пишувало дека се работи за кучиња чау чау.

Портпаролот на градината го бранеше овој потег, посочувајќи дека „луѓето ја фарбаат и косата“.

– Природна боја може да се користи за кучиња ако имаат долго крзно. Немаме панди во зоолошката градина и затоа го направивме ова – додал тој.