ЗНМ: Владата за три месеци потрошила шест милиони евра за рекламирање

Сподели со своите пријатели

Здружението на новинари на Македонија од 2011 година постојано повторува дека една од главните причини за падот на медиумските слободи во Македонија е нетранспарентното трошење на јавни пари во финансирањето на медиумите, соопшти ЗНМ на својата официјална веб страна.

– Нашиот став е дека владата преку владини кампањи со јавни пари ги корумпира медиумите со цел да влијае на нивната уредувачката политика, се вели во соопштението на ЗНМ.

Според ЗНМ, овој став е потврден и од Европската комисија, која во извештајот за напредокот на Македонија во 2014 година било истакнато дека – постои индиректна државна контрола врз медиумите преку владините реклами и фаворизирање на провладините медиуми.

Loading...

– Со оваа анализата што ја објавуваме денеска, која е поддржана ог Германската и Француската амбасада во Скопје, сакаме преку конкретни податоци да ги поткрепиме нашите ставови и да предложиме решенија како да ги ослободиме медиумите од ваквиот финансиски притисок на владата. Првиот заклучок од добиените податоци е дека владата троши огромни средства за владини кампањи, кои најчесто немаат никаква врска со јавен интерес. Владата нејзините политики на арбитрарен начин ги прогласува за прашање на јавен интерес, што е незамисливо во едно демокиратско општество, каде за секоја владина мерка се води жестока дебата околу нејзината оправданост.

ЗНМ објави дека со шест милиони евра потрошени во електронските и печатените медиуми за само три месеци владата станала еден од најголемите огласувачи во медиумите.

– Тоа претставува висок ризик за корупција и создава услови за влијание врз уредувачката политика, како се третираат или не се третираат одредени теми во општеството.

Сознанијата на оваа анализа укажуваат дека владата повеќе кампањи објавува во медиуми кои според начинот на известува се наклонети кон владата, а помалку во оние медиуми кои се критични кон неа.

Втор заклучок, е дека кампањите се реализираат на нетранспарентен начин и е нејасно врз кои критериуми се распределни средставата за реклами. Не постои соодветен систем и процедури во институциите преку кои ќе може брзо и едноставно да се добијат податоците за кампањите.

11351217_840471546046168_918407674406768629_n

Нема механизми за отчетност и одговорност за да се утврди дали јавните институции средствата ги користат на ефикасен и ефективен начин. Не постои механизам кој гарантира дека кампањите служат на јавниот интерес на граѓаните, а не за партиско-политички цели. Ваквата состојба ја зголемува перцепцијата во јавноста дека овие пари се трошат со цел да се влијае на начинот на известување на медиумите.

Затоа , ЗНМ смета дека Владата треба веднаш да прекине со објавување на владините кампањи во приватните медиумите затоа што таква интервенција на државата во финансирањето на медиумите нема во ниту една демократска земја.

ЗНМ бара владините кампањи да се регулираат со посебен закон, во кој ќе се забрани јавни институции да трошат пари за политичка пропаганда во медиумите и јасно ќе се дефинира јавниот интерес на кампањите.

Процесот на огласување да биде транспарентен и врз основа на јасни критериуми за распределба на кампањите.

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *