Знамето на сириската опозиција поставено на зградата на амбасадата во Москва

Сподели со своите пријатели

Знамето на сириската опозиција денеска беше поставено на зградата на дипломатското претставништво на таа земја во Москва, пренесува РИА Новости.

Loading...

Руските медиуми претходно објавија дека од зградата на сириската амбасада во Москва се отстранети стандардното сириско знаме и табла со името на дипломатската мисија.

Според информациите, безбедноста на амбасадата не е зголемена, светлата во зградата не се вклучени, а ситуацијата е мирна.

Претходно руските агенции РИА Новости и Тас, повикувајќи се на извор од Кремљ, објавија дека сменетиот претседател на Сирија Башар Ал Асад пристигнал во Москва и добил азил во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија ќе се бори против инфлацијата - со ориз

„Асад и членовите на неговото семејство пристигнаа во Москва, каде што добија азил од хуманитарни причини“, рече соговорникот на Тасс.

Сириските опозициски сили денеска соопштија дека го зазеле главниот град Дамаск и изразија подготвеност да соработуваат со меѓународната заедница за стабилизирање на ситуацијата во земјата.

Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Башар ал Асад поднел оставка од функцијата претседател на Сирија, ја напуштил земјата и издал инструкции за мирен трансфер на власта по преговорите, на кои, како што понатаму тврди руското Министерство, Русија не учествувала.