Значително посвежо време со услови за дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно, ветровито и значително посвежо со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи, особено претпладне, претежно во западните и јужните делови на земјава, е временската прогноза на синоптичарите за денеска.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 11 до 17, додека максималните ќе бидат во интервал 18 до 25 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време, со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне само до 20 степени.

Од УХМР информираат дека од понеделник до среда ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски најави повисоки плати за здравствените работници (ВИДЕО)

Leave a Reply