„Златното момче“: Научниците открија нешто изненадувачко во египетска мумија

Сподели со своите пријатели

Дигиталното скенирање на египетска мумија откри дека мумифицираното тело на тинејџер содржи дополнително срце од злато, како и десетици други амајлии за кои древните Египќани верувале дека се важни за задгробниот живот.

Loading...

Мумијата се наоѓа во подрумот на Египетскиот музеј во Каиро од 1916 година, а датира од 300 година п.н.е.

Радиологот Сахар Салеем од Универзитетот во Каиро и нејзините колеги дигитално, односно преку КТ, ѕирнале во малата мумија покриена со злато и откриле 49 амајлии.

 

 

Покрај тоа што научниците пронашче златен скараб од 3 сантиметри во градната празнина на мумијата, кој го симболизира срцето, откриле и златен јазик во устата на черепот, амајлија до пенисот и други верски предмети изработени од злато, полускапоцени камења и керамика во светли бои.

Срцето на момчето останало во неговите гради како духовен симбол, велат експертите, како што е вообичаено со египетските мумии.

Loading...

 

 

Старите Египќани верувале дека амајлиите го штитат покојникот за време на напорното патување до задгробниот живот.

„Семејството на момчето му обезбедило многу скап третман за балсамирање за правилно да го подготви за патувањето под земја и безбедно да стигне до задгробниот живот, како што се сандали за да излезе од ковчегот и златен јазик со кој ќе зборува по смртта“, рече Салим.

 

 

Loading...

„Големиот златен амајлија на скараби е навистина нешто неверојатно, на грбот е врежан со ознаки кои би можеле да претставуваат натписи и магии“, додаде таа.

Имено, се чини дека меѓу нив има стихови од египетската книга на мртвите, во кои пишува дека срцето на скаработ е неопходно за да се замолчи вистинското срце кога боговите ќе му судат на патот кон задгробниот живот, пишува Live science.