ЖРК Куманово во Израел го игра првиот меч од Европскиот куп

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово денеска во Израел го играат првиот меч од второто коло во рамките на Европскиот куп.

Loading...

За противник кумановки го имаат составот на израелскиот Макаби Аразим, а дуелот е закажан за денеска во 18 часот.

Екипата на Макаби е составена главно од искусни интернационалки и помлади домашни ракометарки.

– Ракометарките на екипата на Макаби се со просечна возраст од 26 год. Половина од екипата се интернационалки,  така што од Русија има три ракометарки, од Србија две ракометарки и по една од Украина, Белорусија и Литванија, информираат од кумановскиот клуб.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

– Во прашање се искусни ракометарки кои имаат настапувано во врвни европски лиги за екипите Ростов Дон, Вардар, Бера Бера, Астраханочка, СЦМ Крајова, Ерд, Вистал Гдањск, Наиса, Минск, Јагодина, Гомел, шведскиот Боден и други. Минатата сезона во Европскиот Куп имаа забележителни резултати,  натпреварувањето го завршија во 1/8 финалето, беа поразени од шпанската екипа Елче.

Екипата на ЖРК Куманово е со просечна возраст од 21 год, така што ова ќе биде дуел помеѓу младост и искуство.

Реванш натпреварот избраничките на Драгана Ристова ќе го играат веќе утре.

Двата натпревари ќе се одиграат во градот Рамат Ган во Израел, а кумановки на едниот ќе имаат улога на гостинска екипа, а на другиот како домаќини.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

Никола Ивановски