Женскиот ракометен клуб Куманово утревечер со почеток од 19:30 часот на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК Металург во рамките на домашната женска ракометна лига.
Како што истакна тренерот на клубот, Антонио Ивановски подготовоките течат во најдобар ред, со мали повреди на две од ракометарките.
Очекуваме многу интересен борбен натпревар, Металург е моментално на прво место, ние сме на второ што значи борба утре за избивањ ена првото место на екипата. Досега имаме одиграно осум натпревари, седум победи еден пораз од Вардар. Вардар пак има пораз од Металург, така да доколку ние го совладаме утре Металург се прави круг од три екипи каде ние избиваме на прво место. Очекувам во понатамошниот тек на натпреварот да продолжиме со добрите игри, помладите ракометарки да добијат уште поголема шанса и минутажа за натпреварување и на чекор сме мора да кажам на пат да играме во Европа наредната сезона – изјави Ивановски.
Веќе во недела кумановските ракометарки на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на ЖРК Пелистер, а челниците на клубот ги повикуваат сите заинтересирани да им ја дадат максималната поддршка од трибините.