Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат составот на ЖРК Скопје во рамките на јубилејното 10. коло од домашниот шампионат за дами.
Loading...
Кумановки влегуваат како апсолутен фаворит во мечот, по досегашните седум победи од девет одиграни натпревари.
Гостинскиот состав е близу дното во табелата и досега има само две победи.
За ЖРК Куманово ова е шанса да се одлепи од петата позиција на која западна по два неславни порази.
Мечот се игра утре со почеток во 15:30 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.
Никола Ивановски