Женскиот ракометен клуб Куманово ја запиша втората победа во домашната лига, откако вчера на домашен терен го преслуша составот на ЖРК Стружанка со резултат 36:22.
Високо водство кумановки си поставија и во првиот дел од играта, па веќе на полувреме заминаа со предност од осум голови, односно резултат 19:11.
Вториот дел од средбата го одиграа рутински, без големи промени во резултатот, иако гостинскиот состав се трудеше да се приближи до разликата.
Во домашниот состав со седум голови извонредна како и секогаш беше Мила Трајковиќ, со шест на листата стрелци се впишаа Бранкица Марковиќ и Медеа Чокели, а со гол помалку Ана Шарановиќ и Васка Глигоријадис.
Кај ЖРК Стружанка со по седум реализирани погодоци најефикасни беа Теодора Маркоска и Натали Јоноска.
Следниот меч кумановки го играат на 5ти октомври на гостински терен против составот на ЖРК Кузман Вардар Илинден.