Ракометарките на Куманово ја запишаа првата победа во новата сезона од женската Суперлига, откако вчера на гостински терен имаа убедлива победа против тимот на Спартак со резултат 18:34.
Loading...
Победата на ЖРК Куманово можеше да се очекува уште по првото полувреме кое заврши со 10:17 во корист на вицешампионот.
Во вториот дел пак, Спартак целосно потфрли, а искусните гости го искористија тоа и со квалитетна игра се изборија за победа од 16 разлика.
На голот на Куманово одлична беше Марија Јовановска со 12 одбрани, додека најпрецизни со по пет гола беа Кипријановска, Џакмиќ и Пецанова.