ЖРК Куманово претрпе прв пораз сезонава

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово го загубија големото дерби со ЖРК Ѓорче Петров кој викендов го одиграа на домашен терен.

Двете најсилни екипи оваа сезона се бореа за продолжување на низата победи и зацврстување на лидерската позиција во табелата, а тоа им успеа на ракометарките на Ѓорче Петров.

Првото полувреме мина во прилично изедначена игра, за што говори и резултатот пред паузата од 12:13.

Но, кумановки немаа сила за победа, па вториот дел од средбата гостинскиот тим почна да ниже предност за конечни 20:29.

Со девет погодоци најефикасна во тимот на ЖРК Куманово беше Сузана Зечевиќ, четири впиша Сара Цветановска, а по пет одбрани имаа голманките Марија Јовановска и Сумона Грујовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнаа „Ноемвриските денови“ – Со низа настани Куманово ќе одбележи 506 години постоење

Со оваа победа Ѓорче Петров изби на првата позиција во табелата, но кумановки им дишат во врат.

Никола Ивановски