ЖРК Куманово на пријателски натпревари во Србија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово викендов ќе одиграат два пријателски меча во Република Србија во рамките на подготовките за претстојната втора полусезона од домашниот шампионат, но и за подобрување на искуството на меѓународен план.

Утре со почеток во 17 часот ЖРК Куманово ќе ги одмери силите со ЖРК Дубочица од Лесковац, додека во недела од 14 часот ги очекува пријателскиот натпревар со екипата на ЖРК Врање.

– Со оглед на тоа дека е прв пријателски натпрвар се надеваме дека ќе се покажеме во добро светло, мислам дека екипата од Србија е квалитетна и дека ние ќе изиграме најдобро што можеме. Веќе дваесетина дена сме во тренажен процес, подготовките течат во најдобар ред, немаме повредени играчи, Маја Ивановска се врати и сите се во најдобар ред и мислам дека ќе биде се најдобро до почетокот на сезоната, изјави тренерот на голманките во ЖРК Куманово, Синиша Арсовски.

Позитивен резултат во корист на својот состав очекува и голманката на Куманово, Ивана Наумовска, која уште еднаш ги потенцираше аспирациите за второ место во домашната женска ракометна супер лига.

– Ние веќе две и пол недели тренираме и се надеваме дека утре ќе го добиеме натпреварот и да видиме до каде сме со подготовките затоа што за две недели ни започнува првенството. Се надеваме на второто месо и повеќе победи оваа сезона и дека ќе ги добиеме натпреварите кои ги изгубивме претходната полусезона, изјави Наумовска.

По крајот на првата полусезона кумановки останаа на четвртата позиција во табелата со девет победи од 14 одиграни натпревари, исто колку и Пелистер и Металург кои се второ, односно третопласирани.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без вода пет локации во Куманово

Leave a Reply