ЖРК Куманово е на врвот, на потег е Стружанка

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово викендов извојуваа победа во дерби натпреварот со најголемиот конкурент за трофејот оваа сезона во Првата женска ракометна лига, составот на Металург.

Loading...

Со резултат 25:24 кумановки го совладаа Металург и се искачија на врвот на табелата.

Ова беше последен натпревар за ракометарките на тренерот Ненад Краљевски, но за Металург останува уште ден меч во кој ќе мора да претрпи пораз од составот на Стружанка за да Куманово освои двојна круна сезонава.

Доколку мечот заврши со победа за Металург тие го освојуваат првенството и ќе го симнат од врвот ЖРК Вардар по цели седум години.

Leave a Reply