ЖКК Куманово утре против Пробаскет

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово утре на домашен терен ќе ги одмерат силите против составот на Пробаскет од Кавадарци.

Loading...

Станува збор за натпревар од 8. коло од Првата женска кошаркарска лига.

И двата клуба имаат сличен биланс на успех досега, со тоа што кумановки имаат предност во табелата со една победа повеќе и се на четвртото, а Пробаскет на петото место.

Утрешниот меч се игра од 18:00 часот во спортската сала на СОУ „Перко Наков“.

Никола Ивановски